Search

Играч на Ајакс по скоро три години се разбуди од кома

Поранешниот играч на Ајакс, Абделхак Нури по две години и девет месеци поминати во кома се разбуди ! Холанѓанецот претрпе срцев удар за време на пријателскиот натпревар на Ајакс со Вердер Бремен во 2017 година, по што беше префрлен во болница каде пет дена потоа падна во кома.

Младиот 22-годишен играч сега се опоравува во куќа изградена посебно за неговите потреби. Не е најдобар, но будењето од кома е веста што сите сакаа да ја слушнат. Неговиот брат Абдерахим, го потврди неговото будење во една холандската ТВ-емисија.

-Тој не беше долго време дома. Сега ние се грижиме за него. Морам да кажам дека сега дома му е многу подобро отколку порано во болницата. Тој е свесен каде се наоѓа, се врати во семејството. Повеќе не е во кома, но тој сè уште зависи од нас – изјави неговиот брат.

По инцидентот во јули 2017. година, лекарите тврдеа дека нема шанси да закрепнува и дека ќе биде  во трајна вегетативна состојба.

 

Треба да знаете
Последни објави