Search

Играчи на Манчестер јунајтед од Молдавија се вратиле со стомачни тегоби

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, во четвртокот, од Молдавија се врати со три лесни бода, но и со вирус кој „покоси“ голем дел од тимот.

Како што пишува британскиот весник „Сан“, дури 12 фудбалери и членови на стручниот штаб се затруле од храна за време на патувањето во Кишињев каде се играше натпреварот од второто коло од групната фаза на Лига Европа. Добра вест за тимот е што поради погребот на кралицата Елизабета Втора е одложен нивниот натпревар со Лидс.

Поради сето ова Манчестер јунајтед покрена истрага која ќе утврди што се случило во хотелот во Кишињев во кој престојувале речиси 48 часа и каде веруваат дека се случил пропустот со храната.

По враќањето од Молдавија, голем број фудбалери се пожалиле на болки во стомакот и не можеле да присуствуваат на тренингот. „Сан“ не пишува за кои фудбалери станува збор.

Проблемот настанал во хотел во Кишињев, или пак проблем била храната што им била послужена во авионот.

Следниот натпревар Манчестер јунајтед ќе го има против градскиот ривал Сити на 2. октомври.

Треба да знаете
Последни објави