Search

Играчите на Јувентус сакаат Роналдо да им се извини

Фудбалерите на италјанскиот шампион Јувентус очекуваат ѕвезда во тимот, Португалецот Кристијано Роналдо да се извини за постапката која ја направил на натпреварот од 12. коло со Милан (1:0),  одигран изминатиов викенд. Роналдо кој беше повлечен од игра во 55 минута, не го дочекал крајот на мечот и предвреме го напуштил стадионот во Торино пред да заврши натпреварот.
Роналдо беше заменет со Дибала, кој го реши мечот. Роналдо на три минути пред да биде означен крајот на средбата си заминал од стадионот, со што го прекршил кодексот на однесување.
Роналдо нема да биде казнет за овој престап, но соиграчите очекуаат да им се извини.

Треба да знаете
Последни објави