Search

Играчите на Лион наместо да слават осминафинале, се пресметуваа со своите навивачи

Во мечот со Лајпциг од 6. коло од групата на Лигата на шампионите францускиот Лион со резултатски пресврт( од 0:2 стигна до 2:2) избори пласман во осминафиналето од елитното клупско натпреварување. Но, наместо да го прослават пласманот во нокаут-фазта играчите на Лион на крајот се пресметуваа со своите навивачи. Редарите и полицијата спречија поголем инцидент на стадионот.

Мемфис Депај, капитенот на францускиот тим, кој беше еден од најдобрите играч и стрелец на израмнувачкиот гол за Лион, заминувајќи од теренот забележа дека еден од навивачите со знаме во рацете на кое пишуваше „Марсело, оди си“. Покрај пораката до бразилскиот дефанзивец на Лион, имаше и цртеж на магаре, што значи дека не е посакуван од навивачите. Холанѓанецот Депај застана во одбрана на својот соиграчот така што веднаш дотрча до навивачот со навредливото знаме и му го тргна од раце, по што се направи вистинска мешаница.

Треба да знаете
Последни објави