Search

Игор Дурловски го напушта Собранието

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ си заминува од пратеничката функција.

Дурловски, кој на парламентарните избори учествуваше во изборот за пратеничката функција во коалицијата „За обнова на Македонија, оваа своја одлука синоќа ја објави на својот Фејсбук профил.

-Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од коалицијата „За обнова на Македонија” им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!
Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас. Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба, напиша Дурловски на својот Фејсбук профил.
Треба да знаете
Последни објави