Search

ИВЗ се закани на владата, во 700 џамии ќе кажеме што ни правите

Исламската верска заедница се закани на Владата. И даде ултиматум – во рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на вакувскиот имот, или пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700тини џамии дека се води бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на ИВЗ.

Бараат писмено известување од Владата за активностите што ќе ги преземе, а ако тоа не се случи, велат ќе ги информираат сите надворешни фактори во земјата. Обвинија и за фаворизирање на МПЦ. Содржината на писмото на ИВЗ на кое стои потписот на Реисул Сулејман Реџепи, владата го објави на официјлната веб-страница. Писмото содржи уцени, закани и ултиматуми за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции. За ваквиот однос сериозно размислуваме да го известиме надлежното јавно обвинителство, одговори Владата на пораките на Исламската верска заедница. Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив, стои во одговорот на владата, која негира дека МПЦ е фаворизирана верска заедница.

Треба да знаете
Последни објави