Search

ИВЗ: Нема да ја откажеме молитвата за Бајрам

Исламската верска заедница вечерва го објави писмото што го испратила до Владата на 18 мај.

Во него стои напишано дека ИВЗ е против прогласување на полицискиот час, и воедно потенцираат дека нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.

Големиот муслимански празник е во понеделник, а владата одлучи овој продолжен викенд граѓаните да го поминат во карантин кој ќе започне во сабота во 19 часот, а ќе трае до втоник до 05 часот.

Но и покрај тоа, Комисијата за заразни болести предложи воведување на 58-часовен полициски час, за што Владата треба да одлучи утре или задутре.

Треба да знаете
Последни објави