Search

ИВЗ најостро го осудува повикот на молитва за политички цели на кандидатот на Левица

Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија, како што се наведува во реакцијата, најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели.

„Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели. Вчера пред Владата бевме сведоци на политички митинг, каде што беа злоупотребени исламските верски обреди – исмејување на езанот и намазот за политичка цел.

Остануваме со надеж дека таквите примитивни дејствија – со злоупотреба на религијата, нема да се повторат во иднина.“, се наведува во реакцијата на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија

Во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од  Левица за Шуто Оризари, Тефик Махмут, предводеше исламска молитва (намаз) и преку мегафон се учеше езан во центарот на градот, пред Владата.

Треба да знаете
Последни објави