Search

Иванов ја прифати поканата на Заев за лидерска средба

Иванов ја прифати поканата на Заев за лидерска средба

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,  ја прифати поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре, 19 мај 2018 година.

Во соопштението од кабинетот стои:

Информираме дека до денеска, 18 мај 2018 година, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција.

Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател.

Претседателот Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.

Треба да знаете
Последни објави