Search

Иванов не би бил изненаден ако власта одлучи да го апси

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста во врска со настаните од 27 април во врска со шпекулациите дека се подготвува негово апсење изјави дека не би се изнанадил ако власта се обиде да го уапси, имајќи во предвид што прават во изминатиов период.

Може се да направат. Кога видовме што се случува во овј период кога се на власт човек не би требало ништо да го зачуди, но постојат институции во оваа држава, рече Иванов.

Тој објасни дека неговиот советник за национална безбедност, Синиша Алексовски вечерта на 27 април требало да лета за Вашингтон, но поради состојбата буквално се симнал од авионот во Истанбул за да се врати во земјава каде стигнал во 1 часот по полноќ.

-Целиот ден бев во кабинет, а вечерта кога дома видов на ТВ што се случува ги свикав членовите на кабинетот каде останавме до после полноќ и гледавме да најдеме начин како да ја смириме состојбата, рече Иванов.

Тој објасни дека го повикал генералниот секретар на Кабинетот, Борис Јосифовски да дојде во кабинетот вечерта, но дека сега дознал оти претходно бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Иванов одговарајќи на новинарски прашања рече дека не се плаши од инпичмент и дека слободно може да покренат такво прашање во Собранието.

 

https://www.facebook.com/makfax/videos/368141460422897/?t=0

Треба да знаете
Последни објави