Search

Иванов: На новиот претседател му посакувам многу помирен мандат

Претседателот Ѓорге Иванов по денешното гласањето на претседателските избори изјави дека очекува денот да помине во најдобар ред како што и доликува на земја која е веќе три децении во демократија.

– Изминативе денови граѓаните имаа можност да го слушнат сето она што го нудат кандидатите и денеска да ја донесат својата одлука. Тоа што ќе биде, пак, одлука на следниот круг на претседателските избори тоа ќе биде волјата на народот и нивна одлука ќе биде кој да ја претставува државата во следните пет години, рече Иванов.

Тој им посака се најдобро на кандидатите, а на победникот многу помирен и поуспешен мандат.

-Веќе имаме континуитет како држава да ги оствариме нашите стратешки цели, Република Македонија заслужува да и припадне тоа за кое се изборила, кое не е ускратено досега. Очекувам многу помирен мандат, да нема толку кризи, затоа што во изминатиот период се соочувавме со многу политички кризи и предизвици како во земјата, така и во регионот. Очекувам во наредниот период сето она што го имаат ветено на граѓаните да го исполнат и да ги оствариме нашите стратешки цели, рече Иванов, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања за неговиот наследник и каква порака ќе му испрати.

Треба да знаете
Последни објави