Search

Иванов и Изетбеговиќ меѓу првите му честитаа победа на Ердоган

Иванов и Изетбеговиќ меѓу првите му честитаа победа на Ердоган

Честитајќи му на народот на Турција, Ердоган прогласи победа:

,,Народот ми ја довери должноста Претседател на Турција. Сигурноста на избирачките места, слободата на избор и речиси 90 процентната излезност, се лекција за демократија на целиот свет“-рече турскиот претседател.

Уште пред да биде официјално објавено, почнаа да пристигнуваат честитки до Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори во Турција.

Ердоган убедливо води пред другите кандидати со речиси 53 проценти освоени гласови.

Првата честитка пристигна од азербејџанскиот претседате Илхам Алијев. Како што јавува Ал Џезира, македонскиот претседател Иванов, унгарскиот премиер Орбан, членот на претседателството на Б и Х, Изетбеговиќ, српскиот претседател Вучиќ, веќе упатија честитки до Ердоган за победата.

,,Вашата победа ја слави целиот муслимански свет“, напишал Изетбеговиќ во честитката.

Според податоците, излезноста на предвремените избори е неверојатни 87 проценти, а за Ердоган гласале околу 53 проценти од гласачите.

Треба да знаете
Последни објави