Search

Иванка Трамп: Земјите цветаат кога инвестираат во жените

Иванка Трамп за време на посетата на Мароко рече дека семејствата, заедниците и државите цветаат кога инвестираат во жените и кога тие се вклучени во економијата.Ќерката на претседателот Доналд Трамп и советник на Белата куќа имаше можност преку примерите од секојдневниот живот во земјата да запознае четири жени на кои секојдневието им беше променето со тоа што поседуваат земја, според АП.
Иванка Трамп предводи акција за помош на жените во земјите во развој преку обука, стекнување вештини, пристап до капитал и сопствеништво на земја.
Една од жените, Ајша Буркиб, ја прегрнала Иванка Трамп и ѝ ги бакнала рацете кога групата се состанала во маслинарник. Оваа 59-годишна домаќинка и мајка на четири деца одгледува маслинки и зеленчук на земјата што неодамна ја купи.
Буркик исто така има две крави и сака да создаде млечна задруга во нејзиното село, пренесува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави