Search

Иванка Трамп го користела личниот мејл за работата во владата

 

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и висок советник во Белата куќа, Иванка Трамп, испратила стотина мејлови за работата на владата од нејзиниот личен мејл во 2017 година, пишува „Вашингтон пост“.

Мејлови биле испратени до советниците во Белата куќа, членовите на кабинетот и помошниците на Иванка, а многу од нив ги кршат правилата на јавните записи.

Ова откритие вознемири одделни советниците на Доналд Трамп, кои стравуваат дека таа пракса на Иванка е слична на онаа на која Трамп се фокусирал за време на претседателската кампања во 2016 година, а која се однесуваше на Хилари Клинтон и нејзината употреба на лични мејлови.

Весникот наведува, повикувајќи се на извори запознаени со проблемот, дека и некои соработници биле изненадени од количината на лични мејлови на Иванка, за што таа рекла дека не била запознаена со детаљи за правилата.

Од канцеларијата на адвокатот и советник за етика на Иванка Трамп, соопштиле дека таа привремено го користела својот мејл, пред да биде запознаена со правилата, но и дека ниту една нејзина порака не содржела доверливи информации.

Треба да знаете
Последни објави