Search

Ибра му ветил соработка на Михајловиќ ако се враќа во Италија

Швеѓанецот со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ по заминувањето од фудбалската сцена во САД, е актуелен каде ќе ја продолжи кариерата до незовото пензионирање. Италијански новинари ја денеска обелоденија дека Ибрахимовиќ веќе ја донел одлуката за тоа во кој клуб би играл ако се пресели во Серија А. Тоа ќе биде калчолигашот Болоња, бидејќи му ветил на тренерот Синиша Михајловиќ дека сака да соработува со него. Засега Ибра е само во дилема каде да ја заврши фудбалската кариера.

Гол-мајсторот Ибра во опција има и враќање во матичниот Малме. Таму би одигра уште некоја сезона пред да замине во пензија. Но, го привлекува и работата со Михајловиќ, кој во моментов ја бие битката за живот. Српскиот интеранционалец Михајловиќ ја има клучната терапија во борбата со леукемијата, која му беше откриена летово.

Ибрахимовиќ најавил дека до 10 декември ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Во Болоња наводно му понудиле осум милиони евра за 18 месеци и со тоа Швеѓанецот би бил најплатениот фудбалер во историјата на овој калчолигаш. Ибрахимовиќ и Михајловиќ играа заедно во еден период, па Швеѓанецот сака повторно да соработува со Србинот, посебно во деликатниот период кога Михајловиќ води животна битка.

Треба да знаете
Последни објави