Search

Ибра-гол останува уникатен не само на теренот туку и на социјалните мрежи

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ја насмеа јавноста со својот пост на Инстаграм. Ибрахимовиќ кој иако е во поодминати години (39 г.) кога станува збор за најважната споредна работа на светот, игра во фантастична форма. Во неделата ги воодушеви сите со својата игра во Неапол кога постигна два гола и му овозможи на Милан да го совлада Наполи (1:3).

Ибра-гол оваа сезона одигра шест натпревари во италјанската фудбалска Серија А и постигна дури десет погодоци со кои е лидер на листата на стрелците во калчолигашката конкуренција. Ибра кој го избирал најдобриот тим според неговите критериуми на Инстаграм објави дека токму тој е најдобриот на секоја позиција на теренот !!!

Треба да знаете
Последни објави