Search

Ибрахимовиќ објасни зошто Ајакс е најдобриот клуб за младите фудбалери

Според Златан Ибрахимовиќ, холандски Ајакс е најдобриот клуб кога станува збор за развојот на млади играчи.

Ибрахимовиќ се пресели во Ајакс од Малме во 2001-ва година и три сезони го носеше дресот на амстердамскиот клуб пред да се пресели во Јувентус. Според Швеѓанецот, нема подобар клуб за развој на млади играчи од Ајакс.

„За млад и амбициозен фудбалер нема подобар клуб од Ајакс. Начинот на тренинг, филозофијата на клубот, колегите со кои сте опкружени како млад фудбалер, се е на високо ниво. Би го советувал секој млад фудбалер да ја започне кариерата во Ајакс“, изјави Ибрахимовиќ кој смета дека оваа сезона е уште еден доказ зошто Ајакс е така добар клуб.

„Токму тоа докажува дека се добар клуб, долг е периодот во кој тие докажуваат дека нивната филозофија функционира“, изјави Ибрахимовиќ.

Треба да знаете
Последни објави