Search

Ибрахимовиќ: Кејн игра во „обичен“ клуб

Ибрахимовиќ му порача на Хари Кејн да го напушти Тотенхем доколку сака да почувствува како е да се освои шампионска титула.

„Кога бев во Англија видов како игра. Мислам дека е добар напаѓач. Се уште се развива, но врши добра работа. Сепак, јас велам дека играњето во голем клуб и добрите партии таму е нешто многу поинакво од, со сета должна почит за Тотенхем, играњето во „обичен“ клуб“, изјави Ибрахимовиќ и додаде:

„Мислам дека за да успее, ќе мора да замине некаде. Луѓето ве паметат по тоа што сте го освоиле. Ако сака да победува, тогаш потребна му е промена. Тотенхем има одлична екипа, но не се на тоа ниво за да можат да ги освојуваат сите трофеи, дури и иако имаат фантастичен тренер“, изјави Ибрахимовиќ.

Треба да знаете
Последни објави