Search

Ибрахимовиќ казнет за два натпревари

Суперѕвездата на Л.А. Галакси и МЛС, Златан Ибрахимовиќ, беше казнет за два натпревари поради своите акции при поразот од Њујорк Сити со 0:2 минатиот викенд.

Шведскиот фудбалер ја погоди гредата во 86-тата минута, а потоа неговиот соиграч Крис Понтиус не успеа да реализира по одбиената топка. Сепак, Ибра беше удрен од противничкиот голман, Шон Џонсон во грбот, по што Ибра сврте и го зграпчи за вратот, па и двајцата паднаа на земја.

Двајцата беа разделени, но дисциплинскиот комитет на Американската лига не дозволи инцидентот да помине без последици, па така лидерот на Галакси беше казнет и парично, без да се спомене точниот износ на финансиската санкција.

Ибрахимовиќ, кој има 9 гола во 10 натпревари досега, ќе ги пропушти судирите против Колорадо Рапидс и Орландо Сити.

Сепак, ова не е негов прв прекршок откако неодамна беше казнет и за симулација, а минатата година беше избркан во натпреварот против Монтреал и казнет за еден меч, откако одби да игра на „Ол Стар” натпреварот

Треба да знаете
Последни објави