Search

Ибрахимовиќ има двојник – игра кошарка за Баерн Минхен

Ибрахимовиќ многупати има напоменато дека на светот постои само еден Златан, но откако неодамна кошаркарот Нихад Џедовиќ реши да ја пушти косата, тој изгледа како брат близнак на популарниот шведски самопрогласен „Крал на головите“.

Досега сметавме дека само еден Златан му е доволен на светот, но изгледа дека босанскиот кошаркар Недим Џедовиќ не мисли така.

Иако има 28 години, Џедовиќ веќе е европска кошаркарска ѕвезда и зад себе има сјајна кариера. Но, наместо да се најде во медиумите поради неговите игри сезонава, тој е повеќе актуелен поради новиот изглед.

Дури тој самиот вели дека добива повеќе внимание од луѓето откако реши да ја пушти косата и да ги одржува мустаќите и брадата, бидејќи така многу повеќе личи на популарниот шведски магионичар Златан Ибрахимовиќ. Поради неговата спортска градба, луѓето често го мешаат со Златан.

„Тој има балкански корени, потекнува од поранешна Југославија, па затоа мислам дека луѓето гледаат нешто заедничко помеѓу мене и него“, вели Џедовиќ.

Покрај тоа што е значително помлад од Ибрахимовиќ, Босанецот Џедовиќ е и повисок од шведскиот фудбалер. Тоа не ги спречува луѓето да го препознаваат ликот на Златан во него, па вели дека понекогаш луѓето не го оставаат на мира. Кога летово бил во посета на Париз, многумина сакале да се сликаат со него мислејќи дека се работи за некогашниот фудбалер на ПСЖ.

„Ова лето бев во Париз и секој втор човек ме застануваше на улица за да се слика со мене, велејќи ми дека сум неговиот херој Златан. Просто неверојатно“, додава Џедовиќ.

Иако Нихад Џедовиќ не е толку успешен колку Златан Ибрахимовиќ, сепак зад себе остава повеќе од солидна кариера која ќе биде запаметена на Стариот континент. Нихад играше за Барселона и Галатасарај пред да се пресели во Баерн Минхен во 2013 година, и оттогаш трипати беше дел од Ол-Стар составот на Бундес лигата.

Треба да знаете
Последни објави