Search

Ибрахимовиќ е прв стрелц, а Милан ороводец во Серија А

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ иако има полни 39 години игра во добра форма и го предводи италјанскиот калчолигаш Милан во победничкиот поход од стартот на сезоната. Милан по пет одиграни кола е лидер на табелата во Серија А, а популарниот Ибра е прв стрелец со шест постигнати гола, иако пропушти два натпревари поради изолацијата од коронавирусот. На преостанатите три средби шведскиот интеранционалец  постигнуваше по два гола, во победите против Болоња и Интер и вчера во ремито против Рома (3:3). Во последните 10 години, ниту еден друг играч на оваа возраст (39 години) не одиграл повеќе од еден натпревар на кој бил стрелец на два гола, а Ибра веќе има три во исто толку настапи.

Ибрахимовиќ во дресот на Милан сега има вкупно постигнато 58 голови. Претходно, Ибра кој играше и за другиот клуб од Милано – Интер, имаше постигна 57 погодоци.

Швеѓанецот против Рома ја затресе противничката мрежа веќе во 2. минута. Според прес-службата на клубот, 1 минута и 48 секунди е најбрзиот гол на Ибрахимовиќ во дресот на Милан настапувајќи во Серија А.

 

Треба да знаете
Последни објави