Search

Ибрахимовиќ доби статуа во Малме

Шведскиот  фудбалски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот град Малме.

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси денеска свечено ја откри бронзената статуа со својот лик, висока 2,7 метри и тешка 500 килограми. Таа е поставена пред новиот стадион на Малме, градот каде што ја започна својата кариера поранешниот ас на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

„Многу сум среќен за местото каде што е поставена статуата. Тоа беше моја желба уште од почеток. Започнав во Малме и срцето ми е таму“, рече Ибрахимовиќ, пренесува Шведската фудбалска федерација.

Треба да знаете
Последни објави