Search

Ибрахимовиќ го оперираше коленото, нема да се пензионира ќе паузира осум месеци

Новиот италијански фудбалски шампион Милан соопшти денеска дека на неговиот искусен напаѓач, 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ, му е извршена антроскопска операција на левото колено.

Во клупското соопштение се наведува дека операцијата извршена во Лион била планирана веќе некое време и била неопходна по претходната операција на предните вкрстени лигаменти.

Проценките на лекарскиот тим на Милан се дека шведскиот напаѓач ќе отсуствува од теренот седум до осум месеци.

Милан во неделата ја освои првата италијанска титула по пауза од 11 години, а Ибрахимовиќ во успехот придонесе со осум голови на 23 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави