Search

ИАБ Македонија со реакција до МИОА за дозволите за медиуми

Асоцијацијата за унапредување на дигиталниот маркетинг во Македонија, ИАБ Македонија реагира на одлуката на Владата, конкретно на објавата на Министерството за информатичко општество и аадминистрација да се доделат дозволи за работа на терен на онлајн медиуми кои се дел од регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија

-Ве информираме дека регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и
Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлјан медиуми и
не ги содржи сите онлајн медиуми во РС Македонија.Воедно, сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк:
https://www.iab.mk/etichki-kodeks/ .
Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар,
а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони.
Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата Одлука и да се овозможи доделување на
дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум.
Однапред благодариме на вашето разбирање и позитивен одговор, велат од ИАБ.

Треба да знаете
Последни објави