Search

Зошто треба да отидете на прошетка после јадење?

Луѓето најчесто после јадење се опуштаат – седнуваат, легнуваат, гледаат серија и слично – а малку од нив се одлучуваат за некаква активност. А токму тоа се препорачува, особено после доцен ручек или вечера.

 

Научно е докажано дека прошетката после јадење има многу поволно дејство врз организмот. Едно истражување покажа дека прошетка од 15 минути после јадење им помага на луѓе со дијабетес тип 2 да го спречат покачувањето на нивото на шеќерот во крвта. Вечерната прошетка е поефикасна и од 45-минутна прошека во текот на денот.

„Лачењето на инсулинот како одговор на јадењето се намалува како што одминува денот, а тоа посебно важи за постарите луѓе“, вели еден од истражувачите.

Луѓето обично најобилниот оброк го јадат навечер и потоа седнуваат или легнуваат. Тоа може да доведе до значајно зголемување на глукозата во крвта и тоа ниво можеда се задржи со часови.

Меѓутоа, тука стапува на сцена прошетката. Според истражувањето спроведено во Нов Зеланд, нашите мускули се активираат додека шетаме и ја користат глукозата за енергија, па така се намалува нејзината циркулација во организмот.

Затоа, воведете прошетка од најмалку 15 минути по вашиот последен оброк во денот, за поздрав живот и за виталност.

Треба да знаете
Последни објави