Search

Зошто токму Сингапур е избран за местото на состанокот помеѓу Ким и Трамп?

Поради угледот на неутрална и исклучително безбедна држава, односно поради богатото искуство кое го поседува во организирање на меѓународни средби со висок профил, Сингапур, беше логичен избор за местото на разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун.

 

Сингапур е една од најбезбедните држави во светот и една од најнапредните во поглед на технологијата, инфраструктурата и банкарството. За историскиот состанок на 12 јуни Сингапур наводно е одбран во конкуренција со Швајцарија, Монголија и Кина.

„Ни треба град кој има инфраструктура за доведување на голем број на новинари и владини службеници, односно за организација на состанок со оваа величина и важност“, стои во соопштението на Белата Куќа.

Главен адут на Сингапур е неговата неутралност

Главен адут на Сингапур е неговата неутралност, тврдат аналитичарите. Овој град-држава одржува пријателски односи и со Вашингтон и со Пјонгјанг.

„Сингапур се гордее со својот статус на искрен посредник со силни односи со партнерите и важни актери од целиот свет, вклучувајќи ги САД и Северна Кореја“, смета аналитичар од сингапурскиот институт за меѓународни прашања.

Станува збор за една од неколкуте десетици светски држави кои имаат целосно функционална севернокорејска амбасада. Сингапур беше осмиот најголем трговски партнер на Северна Кореја, пред да биде принуден да го прекине тој однос во рамките на санкциите од резолуцијата за Обединетите народи од 2017 година.

Голем сојузник е и Вашингтон. Америка е петтиот најголем трговски партнер на Сингапур, стои во податоците на Светската банка, а американската морнарница редовно ги стационира своите воени бродови во морска база која се наоѓа во Сингапур.

Аналиричарите честа да му биде доделена организацијата на овој состанок на Сингапур, сметаат дека е заслужена поради тоа што оваа држава нема дамки во својата историја.

„Сингапур има искуство во тоа да биде домаќин на средби со големо значење, па сака да биде неутрален и објективен“, истакнува  аналитичар од институт за Источна Азија.

За потсетување, Сингапур беше домаќин на состанокот помеѓу кинескиот преседател Си Џинпинг и тогашниот претседател на Тајван во 2015 година.

Што сакаат севернокорејските соседи од самитот Трамп-Ким?

Објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун отвори низа на дипломатски активности и тоа не само помеѓу Вашингтон и Пјонганг туку и во дел од Азија.

Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Русија се соседите заинтересирани за исходот од разговорот помеѓу Трамп и Ким.

Најголемо прашање е секако нуклеарната програма на Северна Кореја и денуклеаризацијата на Севернокорејскиот полуостров, а тоа е нешто што ги засега сите споменати држави.

Треба да знаете
Последни објави