Search

Зошто солта сепак не е најголемиот непријател на здравјето?

Американската асоцијација за срцеви болести советува дека дневно треба да се внесува само 1, 5 грама сол, но повеќето луѓе конзумираат најмалку 3 до 4 грама сол. Високата количина на натриум што ја содржи солта е тесно поврзана со високиот крвен притисок што го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар.

Според новите откритија на научниците, не морате да се загрижувате поради големата количината на сол што ја конзумирате бидејќи не мора да има лоши ефекти врз вашето здравје, се додека немате проблем со висок крвен притисок.

Во текот на студијата, истражувачите испитувале повеќе од 100 000 возрасни лица на возраст од 35 до 70 години од целиот свет и дошле до резултати кои покажале дека дури 90% од испитаниците дневно внесуваат голема или умерена доза на натриум, додека 10% конзумираат помалку од 3 грама сол дневно. Само 4% од вкупниот број на испитаници се вклопуваат во рамката на препорачаната доза од 1,5 до 2, 3 грама сол на ден.

Во првата група испитаници кои внесувале големи количини на натриум, научниците забележале висок пораст на крвниот притисок. Испитаниците чија исхрана содржи умерени количини на сол немале големи осцилации на крвниот притисок, додека група на луѓе кои внесувале минимум сол во организмот не било забележано негативно влијание на нивото на крвниот притисок.

“Ваквите резултати укажуваат на тоа дека препораката да се намали внесувањето на сол во организмот може да претставува заблуда”, вели авторот на студијата Ендру Менте, професор по епидемиологија на McMaster Универзитетот во Канада.

Ако се пронајдете во групата на луѓе кои внесуваат умерени количини на сол, вашата дневна доза на натриум може да биде сосема во ред.

“Немојте да станете самозадоволни со внесот на сол, бидејќи високата доза на сол што ја конзумирате може да биде лоша и опасна”, изјави Менте. “Секако треба да избегнувате намирници со висок процент на сол. Но, немојте да бидете преоптеретени со намалување на солта. Додека немате проблеми со висок крвен притисок веројатно немате потреба да го намалите внесот на сол “.

Треба да знаете
Последни објави