Search

Зошто се вели „на здравје“ кога некој ќе кивне?

Што вели науката за тоа како кивањето влијае на организмот и работата на срцето?

Постојат неколку објаснувања за потеклото на овој израз, но сите се сведуваат на исто: кога некому ќе кажете „на здравје“ го штитите од можна смрт бидејќи кога киваме срцето за момент застанува.

Што навистина се случува кога ќе кивнеме?

Размислувајте за кивањето како за одбранбен механизам.

„Тоа е инстинктивно дејство чија цел е носот да го исчисти од прашина и честички кои го отежнуваат дишењето“, вели кардиолог.

Кога слузницата на носот е иритирана, ги затвораме очите, длабоко вдишуваме и градните мускули го исфрлаат воздухот од нашите бели дробови со голема брзина, така што тој излегува преку нос и уста, исфрлајќи сè што ни смета.

Каква врска има срцето со тоа?

Митот за тоа дека срцето за момент застанува кога ќе кивнеме е еден од оние кои имаат зрнце вистина во себе. Така вели оториноларинголог.

Срцето се наоѓа во градниот кош, близу белите дробови. Кога длабоко вдишуваме, што се случува во секунда пред да кивнеме, може да се случи да активираме долг нерв наречен вагус. Тоа е најголемиот нерв во вегетативниот нервен систем кој проследува информации од мозокот кон срцето и стомакот и обратно. Доктор објаснува дека вагусот испраќа и сигнали кога срцето треба да забави.

„Кај некои луѓе тоа длабоко вдишување непосредно пред кивањето може да го активира вагусот во толкава мерка што срцето за кратко престанува со работа или прескокнува отчукување“, објаснува д-р Кели.

Но, кај повеќето луѓе, срцето го задржува вообичаениот ритам на отчукувања и кога киваат.

„Срцето обично има меѓу 70 и 90 отчукувања во минута. Но, што ако застане? Ако срцето застане подолго од 4 или 5 секунди ќе се онесвестите. Ако тоа потрае подобро е да има некој во близина да ви помогне и да ви пружи прва помош“, вели д-р.

Но, тоа нема шанси да се случи поради кивањето.

Крајниот заклучок е дека срцето не може да запре од кивањето, може малку да забави или да прескокне отчукување, но тоа нема никаква причина за грижа.

Продолжете да велите „на здравје“ некому кога ќе кивне, тоа е убав и љубезен гест.

Треба да знаете
Последни објави