Search

Зошто Сашо Гигов-Гиш прифатил да учествува во спотот за”Излези ЗА европска Македонија”

Пред неколку дена излезе видео записот за песната “Излези ЗА европска Македонија”, кое претставува поддршка за референдумот.

Видеото веднаш беше дочекано со лавина реакции и коментари од македонската јавност, а за таа цел се огласи и популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник Сашо Гигов – Гиш кој ја објасни причината за учеството во спотот.

“Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција”, изјавил Гиш.

Во проектот за поддршка за рефередендумот, освен Гиш, учествуваат и Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски и многу други.

Треба да знаете
Последни објави