Search

Зошто понекогаш луѓето се смеат на погреб?

Смеењето е половина здравје, вели старата изрека, но има некои ситуации кога едноставно не е пристојно и најсоодветно да прснете во смеа. А се чини баш тогаш не можете да се исконтролирате.

 

Замислете ја следнава ситуација: водите сериозен разговор со саканата личност. Партнерот е тажен, загрижен, вознемирен… а вие почнувате да се смеете. Не знаете ни зошто се смеете и иако давате сѐ од себе да станете посериозни, не можете и сѐ повеќе се смеете.

На некои луѓе тоа им се случува кога се на погреб. Напад на неконтролирана, гласна смеа.

Оваа смеа скоро секогаш е придружена со длабоко чувство на вина бидејќи знаете дека тоа е потполно непристојно однесување во таа ситуација. Има една добра вест во сево ова – не сте единствени.

Причините зошто луѓето се смеат во многу сериозни ситуации се разликуваат во зависност од личноста и нејзината психичка состојба.

Лицата кои патат од опсесивно-компулсивни пореметувања, како состојби од спектарот на аутизмот, често се борат со давањето соодветна емоционална реакција на страв или тага, вели психотерапевтот Кели Хопкинс Алварез.

Има и многу мал процент од луѓето што спаѓаат под категоријата социопати – луѓе кои во извесна смисла уживаат и доживуваат задоволство кога гледаат други луѓе како патат, што е последица на немањето емпатија.

Доколку недоличната реакција е последица на одредени психолошки пореметувања, може да помогне когнитивно-бихевиорална терапија.

Пред да почнете да гуглате психолошки пореметувања откако ви се случило да добиете напад на смеење на погреб или во слична сериозна ситуација, опуштете се. Тоа е само уште еден одбранбен механизам.

Луѓето понекогаш неконтролирано се смеат бидејќи се обидуваат да одбегнат соочување со сопствените емоции, вели Хопкинс Алварез. Тоа не е свесен процес врз кој можете да влијаете.

Со други зборови, смеата во тие моменти и „ѕидот“ што го кревате за да се заштитите од емоциите кои ве преовладуваат. Тоа е сосема нормален психолошки одбранбен механизам.

Треба да знаете
Последни објави