Search

Зошто новата генерација не може да го победи Новак Ѓоковиќ !

Новак Ѓоковиќ (35 г.) го освои 22. гренд-слем трофеј во неговата кариера со триумфот по 10. пат на Австарлија опен во Мелбурн. Неговиот тренер Горан Иванишевиќ по овој триумф беше  запрашан до кога најуспешниот победник на Австралија опен може да игра на врвно ниво. -Дефинитивно уште две или три години. Нивото на неговата игра е неверојатно. Тој не е од овој свет. Неговиот мозок работи поинаку, рече Иванишевиќ, кој му помогна на Ѓоковиќ да освои седум од најважните тениски трофеи.                                                                                                  Србинот Ѓоковиќ во мај ќе наполни 36 години и во неделното финале во Мелбурн, против 24-годишниот Стефанос Циципас, ја покажа сета моќ што ја поседува. Србинот победи на пет од последните седум гренд-слем финалиња што ги играше. Сепак, последната титула дојде откако шпанскиот тинејџер Карлос Алкараз – поранешниот тенисер број еден и предводник на новата генерација – го откажа учеството поради повреда.                                                                                     BBC Sport анализира зошто на младите тенисери им е толку тешко да го победат Ѓоковиќ.

Аура                                                                                                                                                                          Речиси сите млади играчи пред натпреварот велат дека го третираат Ѓоковиќ како и секој противник – играат против човек, а не против име, велат тие.                                                                 Но, колку од нив навистина веруваат во тоа?                                                                                                  Циципас е еден од четворицата играчи кој цела деценија е помлад од Ѓоковиќ а беше поразен во финалето во Мелбурн. Во последните четири години Ѓоковиќ загуби само пет од 45 натпревари кои ги одигра против играчи до 23 години.                                                                           Во тој период освои шест од седум финалиња на гренд-слем против тенисери родени во деведесеттите. Тој беше победен само од Русинот Даниил Медведев во финалето на УС Опен во 2021 година. Сепак, Циципас тврди дека не станува збор за никакво „проклетство“.                -Многу е добро за спортот, да има натпреварувачи и шампиони како него, рече Гркот, кој ги загуби последните 10 средби против Ѓоковиќ.

Дали Циципас навистина мисли така е сосема друга работа – ако мисли, тој е малцинство.

Русинот Андреј Рубљов и Американецот Томи Пол, играчите кои Ѓоковиќ ги победи на пат кон својата 10-та титула во Мелбурн, зборуваа за теророт што го чувствуваат играчите кога го гледаат Ѓоковиќ како оди кон нив.

По една победа, Рубљов (25) со насмевка изјави дека би сакал Ѓоковиќ да биде на спротивната страна од ждрепката, како да има навестување што ќе се случи.

Без многу мака беше поразен од Ѓоковиќ, во три сета.

-Многу играчи многу ја почитуваат неговата игра, изјави 25-годишниот Пол, кој исто така беше поразен во три сета.

-Никој навистина не сака да го види во својот дел од ждрепката.

Менталитет

Кога работите на теренот стануваат тешки, Ѓоковиќ се буди.

Ова е особено важно во најважните моменти од најважните натпревари и е една од клучните причини поради кои тој има 22 победи од 33 финалиња на гренд-слем турнирите во кои играл.

Ѓоковиќ, на пример, спаси 23 од 29 брејк топки за време на Австралија опен, вклучително и две од трите во финалето против Циципас.

-Тој е многу важен за нас кои сакаме еден ден да бидеме како него – тоа што секој пат не крши така е многу добра лекција, изјави Циципас по финалето.

Како што изјави, Ѓоковиќ е играч кој ги „турка другите до крај“.

-Тој ме направи многу подобар играч – мојата концентрација е се поголема и повисока секогаш кога играм против него, вели Циципас.

-Треба навистина да бидете во играта и посветени на играта кога играте против него.

19-годишниот Холгер Руне од Данска, деветиот рангиран тенисер во светот, на социјалните мрежи објави видео од тренинг.

-Кога нашиот идол од детството продолжува да победува на слемови, мораме да работиме уште понапорно од порано, напиша Руне.

Техника и тактика

Сите со одредена тактика влегуваат во натпреварот против Ѓоковиќ, но во пракса е сосема поинаку.

Како што рече Пол по полуфиналето, Ѓоковиќ ги тера другите да „играат лошо“.

-Сакав да сервирам добро и да играм волеј. Никогаш не сум го направил тоа, рече тој.

Тој објасни со какви планови влегол во натпреварот, но и како Ѓоковиќ го неутрализирал сето тоа.

-Кога ќе го погодев првиот сервис, тој веднаш ја враќаше топката на основната линија и јас веднаш ќе бев во дефанзивна позиција.

Сакав да играм и дроп шутови, но немав можност, бидејќи тој ги испраќаше топките длабоко.

-Исто така, сакав да ја сменам брзината со шутовите со слајс, но ги промашив првите три слајс и во тој момент помислив „ок, ќе почнам да играм бекхенд, кога слајсот нема да ми оди.

-Не ми дозволи ништо од тоа бидејќи играше толку добро.

Тело

Ѓоковиќ одамна ја истакнува потребата да се грижи за своето тело, се со цел да ја продолжи кариерата и да постигне успех и во триесеттите години.

Еден од рецептите за успех е префрлањето на диета без глутен пред повеќе од десет години.

Иако не се смета себеси за веган, Ѓоковиќ не јаде месо, риба или други производи од животинско потекло.

Практикува јога и секој ден има долги истегнувања кои го прават неверојатно еластичен, што го покажува речиси на секој натпревар, кога брка топки низ теренот.

-Начинот на кој се грижи за своето тело, како се грижи за се, се храни… Неверојатно е, изјави Иванишевиќ.

Кога Ѓоковиќ ги објасни причините зошто не бил вакциниран против корона вирусот минатата година, тој рече дека сака да биде „што е можно повеќе во хармонија со своето тело“.

Отпорност

Со големиот успех доаѓа и притисокот.

Ѓоковиќ често е во центарот на драмата, без разлика дали тој навистина ја предизвикал.

Минатата година не можеше да ја одбрани титулата на Австралија опен – беше депортиран од земјата поради проблеми со статусот на вакцинација.

Годинава тој се здоби со повреда на грбот, поради што, според Иванишевиќ, „97 проценти од играчите ќе се повлечат од турнирот“.

-Ако го вратам времето пред две и пол недели, воопшто не ми се допаѓаа шансите што ги имав со ногата, изјави Ѓоковиќ.

Тогаш беше само прашање да се преживее секој натпревар и да се обидеме да стигнеме до следната рунда“.

Уште еден проблем се случи во петокот, пред финалето со Поло.

Неговиот татко Срѓан беше фотографиран пред арената Род Лејвер со обожавателите на рускиот претседател Владимир Путин, што предизвика многу контроверзии.

Ѓоковиќ изјави дека „не било пријатно“ да се занимавам со тоа.

Сепак, тој успеа да ги остави сите тие пречки зад себе, да го освои турнирот и да го израмни рекордот на Шпанецот Рафаел Надал, неговиот најголем ривал, по бројот на грен слем титули.

-Потребна беше неверојатна количина на ментална енергија за да се останам присутен, фокусиран и да одам ден по ден, рече Ѓоковиќ.

Поради сето ова, ретко кој би се обложил дека новиот број еден нема да има најмногу грен слем титули во историјата на крајот од кариерата.

Единствените кои можат да го спречат се Циципас, Алкараз и останатите од новата генерација, заедно со 36-годишниот Надал, кој напролет сака да го освои 15. Ролан Гарос, вториот гренд-слем турнир во сезоната.

-Се разбира, 35 години не се како 25, дури и да сакам да верувам, но сепак чувствувам дека имам многу време… Ќе видиме до каде ќе стигнам, вели Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави