Search

Зошто не треба да јадете сами?

Според најновото истражување, ако не јадете во друштво може да се соочите со сериозни здравствени последици.

Истражувањето покажа дека луѓето кои јадат сами имаат поголем ризик од висок холестерол и висок крвен притисок, како и развивање на симптоми на дијабетес.

Во истражувањето биле опфатени 7.725 испитаници. Оние испитаници кои јаделе сами имале  45% повисок ризик од покачен холестерол и 64% поголем ризик од развивање метаболичен синдром.

Социоекономските фактори и животниот стил исто така играат голема улога во зголемувањето на овие ризици.

Мажите кои не се оженети и живеат и јадат сами имаат пострашни последици по здравјето, а тоа го потврдуваат и некои претходни истражувања спроведени на теми поврзани со квалитетот на исхраната.

Стресните животни ситуации и недоволното спиење исто така играат улога во зголемувањето на ризикот од развивање метаболичен синдром.

Треба да знаете
Последни објави