Search

Зошто многу Кинези не можат да си дозволат повеќе од едно дете?

Пред да го роди синот, Чен Сигуан, без никаков проблем купувала производи за нега на кожа и често излегувала надвор со пријателите. Сега, таа се двоуми дали ќе има доволно пари да купи нов фустан, пишува Си-ен-ен.

Чен живее во Сужоу, во југоситочниот дел на провинцијата Јангсу, работи како наставничка во средно учулиште и заработува околу 737 долари месечно. Нејзиниот сопруга работи во одделот за продажба во Шангај и заработува околу 2360 долари месечно.

За одгледување на својот син, тие трошат најмалку една третина од годишниот приход на семејството, што е многу големо финансиско издвојување, кога нивниот живот ќе се спореди со ситуацијата со семејство со слична финансиска состојба во некои други земји. Во споредба, семејство со сличен деловен статус во САД, за одгледување на дете годишно се троши една петина од примањата.

Чен не е единствената која се соочува со овие финансиски проблеми во Кина. За милиони други семејства од средната класа, паричната ситуација е главна причина за помалиот број на деца.

Пред три години Комунистичката партија на Кина објави строга политика која на семејствата им дозволи да имаат само едно дете и која беше на сила десетина години. Кина се уште се бори со проблемот на наталитет. Во 2018 година во Кина се родени 2 милиони деца, помалку од 2017 година, а повеќе од 50 проценти семејства не планираат да имаат второ дете, каде финансиската ситуација е главна причина за таа одлука.

Треба да знаете
Последни објави