Search

Зошто е добро да пиете црвено вино?

Црвеното вино содржи полифеноли кои се добри за бактериите во цревата, а тоа е причина плус за понекогаш да испиете чаша црвено вино.

 

Новата студија покажува дека освен што уживате во чаша црвено вино, тоа е добро и за вашето здравје.

Научниците од Универзитетот во Лондон анализирале повеќе од 900 луѓе, за да утврдат каков ефект за бактериите во цревата (кои влијаат на варење на храната) имаат црвеното вино, белото вино и пивото.

Утврдиле дека најдобро за цревата е црвеното вино кое содржи голема количина на полифеноли, а оваа состојка делува како антиоксидант.

Секако, ова не е оправдание за да испиете цело шише црвено вино. „Доволно е да испиете само една чаша еднаш во две недели“, вели авторката на студијата.

Здравјето на цревата е многу важно. Освен тоа, бактериите во цревата можат да предизвикаат надуеност, лошо варење на храната, чувство на тешкотија, а лошото здравје на цревата се поврзува и со анксиозноста, стресот, уморот.

Освен црвеното вино, полифеноли содржат и какао, домат, зелен чај, цвекло и шумско овошје.

Треба да знаете
Последни објави