Search

Зошто „Ворнер“ не ја отпушти Амбер Херд како што направи со Џони Деп?

Џони Деп и Амбер Херд очигледно немале најздрав брак, но кој навистина има во Холивуд, коментираат таблоидите.

Со текот на годините видовме повеќе иконски холивудски парови што се разведоа на многу непријатен начини, како, на пример, Бред Пит, кој ја остави Џенифер Анистон кога ја запозна Анџелина Џоли на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, па потоа разводот со Џоли, кој сè уште не е финализиран. Тука е и Кети Пери, која имаше цел документарец за нејзината борба да се справи со разводот со комичарот Расел Бренд среде турнеја.

Историјата на Холивуд е полна со венчавки и разводи, а повеќепати многу од нив се венчаваат, па се разделуваат и потоа повторно се заедно.

Но, дури и според холивудскиот стандард, четиригодишниот развод на Деп и Херд е прилично грд, исполнет со тврдења за наводно насилство и малтретирање.

Тие се сретнаа на снимање на филм во 2009 и се венчаа во 2015 година. Херд поднесе барање за развод една година подоцна обвинувајќи го за семејно насилство наводно кога бил под дејство на дрога и алкохол. Тој ги негира ваквите наводи и тврдеше дека, всушност, таа била насилникот во нивниот брак.

Во 2017 година Деп беше избран за улогата на негативецот Гридервалд во „Фантастични ѕверки“. Но, минатиот месец, по загубениот судски случај за клевета, студиото му рече да си поднесе отказ.

Деп беше отстранет од филмот, а многумина прашуваа: „А што е со Амбер Херд?“, имајќи предвид дека ова е комплексен случај и никому не му е јасно кој бил насилен во врската или можеби и двајцата биле такви.

Треба да знаете
Последни објави