Search

Зорица Чавкова: Дајте доказ дека татко ми сакал да бега на Халкидики

Ќерката на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков го повика обвинителството да даде доказите дека нејзиниот татко поседува вила на Халкидики и дека планирал да бега. Според неа, обвинителството работи под присила на, како што ги нарекува, нарачателите, и дека тие ќе бидат разоткриени.

Чавкова предупреди дека за овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти и сите амбасади.

синоќа ексдиректорот на БЈБ, заврши во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако судот му одреди притвор поради тоа што до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнале оперативни податоци од полицијата дека планира да бега.

Треба да знаете
Последни објави