Search

Зоран Јовановски стана член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања е именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка, објави банката преку соопштение на Македонска берза.

-Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Зоран Јовановски да биде именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години, сметано од 30.03.2020 година, се вели во соопштението на Банката.

Треба да знаете
Последни објави