Search

Зоран Мамиќ експресно се пресели од директорската на тренерската клупа кај Динамо

Зоран Мамиќ ќе го предводи повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб до крајот на оваа сезона. Директорот на хрватскиот шампион Зоран Мамиќ одлучи самиот да се промовира во тренер на тимот за последните три кола од првенството. Во медиумите во Хрватска по отказ кој го доби Игор Јовичевиќ беа спомнати неколку тренерски имиња како кандидати да седнат на жешкото столче, меѓу кои беше и Македонецот Гоце Седлоски. Но, помалиот од браќата Мамиќ реши самиот да се промовира во в.д стратег на Динамо. Оваа одлука воопшто не ја изненади спортскта јавност во Хрватска. Неговиот постар брат Здравко кој е осуден за криминал со финансиски малверзации околу трансферите, затајување данок и корупција се крие во БиХ, но сеуште го има главниот збор во Динамо и во хрватскиот фудбал.

-Динамо Загреб ја известува јавноста дека на преостанатите три натпревари од сезоната 2019/20 првата екипа ќе ја предводи спортскиот директор Зоран Мамиќ. Ситуацијата е таква да не смееме да брзаме со одлуката и да си дозволиме погрешен чекор, бидејќи европските натпреварувања се многу блиску,  сите добро знаеме колку на Динамо и на хрватскиот фудбал му значи играњето во групите од европските купови, се вели во клупското соопштение.

Прв меч како нов тренер на „модрите“ Зоран Мамиќ ќе го има на неделното вечно дерби против Хајдук. Тој претходно го водеше Динамо Загреб во периодот од 2013 до 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави