Search

Зоната во Визбегово и автопатот Скопје – Блаце се уште приоритети за членките на СКСЗМ

 Реформи во сите институции, посебно во правосудството, инфраструктурно уредување на зоната во Визбегово и изградба на автопатот Скопје – Блаце, се меѓу приоритетните барања на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) до политичките партии учесници на претстојните парламентарни избори.

Како што изјави денеска претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа пред работниот состанок со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, владеењето на правото и правната држава се клучни за функционирање на сите параметри за економски раст.

-Ние сме најмногу тангирани во ваквите процеси, а ние сме тие што најмногу генерираме економски раст. Затоа, сите економски прашања кога се донесуваат на Влада, треба да се во консултација со бизнисот. Ќе очекуваме од сите партии со кои традиционално имаме консултации, тоа што сме го побарале да кажат колку се во можност да го имплементираат и во кој временски периодонсултации, истакна Хоџа.

Според него, од 69-те барања доставени до минатата влада, некои се решени, но околу 31 не се или се можеби во фаза на реализација. Како бизнис секогаш имаме новини во работењето. За Визбегово, потсети, веќе се одвоени средства, што е за почитување, но, сепак, барањето е активностите побрзо да завршат и зоната да се стави во целосна функција.

Алијанса за Албанците има конкретни предлози во економскиот дел од политичката програма.

-Сметаме дека оние што земаат минимална плата, не треба воопшто да плаќаат данок. Нема логика државата да ги оданочува семејствата со минимална плата кои едвај можат да го поминат месецот. Тоа е еден од предлозите во нашата програма. Друг предлог е данокот на додадена вредност компаниите да го враќаат по реализираната продажба на производството како што е во Велика Британија, а не оданпред. Однапред да се зема ДДВ само непотребно и неправилно ги принудува компаниите да подигнуваат кредити, а тоа, пак, ги оневозможува иницијативите за отворање нови бизниси зашто освен што треба да земат кредит за воспоставување бизнис, треба да земат кредит и за отплаќање на ДДВ-то, рече Села.

Бизнисите, нагласи, треба да бидат партнер на политичките партии кои се на власт. Политиките треба да се креираат во насока на олеснување на деловниот амбиент.

Треба да знаете
Последни објави