Search

ЗНМ избира нов претседател

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе одржи редовно годишно изборно собрание на кое ќе се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.

Освен актуелниот претседател Младен Чадиковски, за позицијата претседател на ЗНМ кандидатури поднесоа и Марјан Николовски и Фиљана Кока.

За позициите во органите во ЗНМ вкупно има 47 кандидатури, од кои три за претседател на Здружението, 24 за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.

ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.

Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи денеска во хотел „Александар Палас” во Конгресната сала 1, со почеток во 10:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави