Search

Значително зголемени цените на храна и други стоки во Северна Кореја

Цените на храната и другите стоки во Северна Кореја се во значителен пораст поради меѓународните економски санкции против Пјонгјанг, објави јапонски „Асахи”.

Весникот објави денеска дека, според севернокорејските дезертери, цената на пченката, која е главен извор на храна за поголемиот дел од населението, се зголемила за 1,7 пати, пченично брашно – околу 1,4 пати.Цените на кинески телевизори и електричните батерии двојно се зголемиле.

Според весникот, во Северна Кореја поради тие причини се развива масовно движење за да се заостри дисциплината во потрошувачката. Во документ на Корејската патрија на трудот, се наведува дека – „Ако се обидеме да ја продолжиме револуцијата, ќе се распаднеме како СССР или Источна Европа”, наведува јапонскиот весник Асахи.

Треба да знаете
Последни објави