Search

ЗМСТАС: Се уште не е решено прашањето за сестрите концесионери

Oд ЗМСТАС се жалат дека се уште не е решено прашањето зао сестрите концесионери. Оттаму алармираат до министерството за здравство дека повторно го отвораат се уште нерешеното прашање и покрај разговорите со министерот Филипче и со гранковиот синдикат.

„Измените во законот за здравствена заштита се се уште на стенд бај, зголемувањето на коефициентите на платите истотака. Иако имавме директни преговори и со министерството за здравство и со гранковиот синдикат остварувањето на нашите цели од за нас нејасни причини повторно наидуваат на пречки. Апелираме до надлежните дека ние нема да се откажеме од правата кои ни следуваат. По исходот за законот за концесионерите продолжуваме со барањата за нивно враќање во ЈЗУ и уредување на нивните договори за работен однос во амбулантите. А секако дека не ги забораваме и проблематиките со непризнавањето на школите, односно усогласување на образованието со потребите на здравството.“ изјави претседателот на ЗМСТАС – ЗА НАС, сестра Горданка Бешлиовска, на годишното собрание на здружението за изминатата година.

На собранието присуствуваа делегати од цела држава од сите здравствените институции

Треба да знаете
Последни објави