Search

Злосторство во Франција, тело на маж без глава пронајдено во градот Болен

Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство, пренесуваат светските медиуми.

Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. Препорачано е сите што би го виделе да пријават во локалната полиција.

Убиството се случило во областа Воклус, во познатата туристичка област Прованса, на  Азурниот брег.

Локалните медиуми објавија дека хеликоптер, кучиња и други ресурси биле распоредени во областа за да помогнат во потрагата по осомничениот.

Треба да знаете
Последни објави