Search

Злетовец починал откако ја проголтал дрогата што ја шверцувал

Злетовецот Д.А.(32) синоќа починал откако ја проголтал дрогата која се обидел да ја прошверцува на граничиот премин Делчево. Веднаш била повикана екипа на итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде починал околу 22 часот.

Како што соопшти МВР, починтиот во 19.15 часот со автомобил„мини купер“ со бугарска национална ознака се пријавил за влез во земјава. Како совозач било 18-годишно лице од Пробиштип.

-Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А. била пронајденa ќесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал ќесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави