Search

„Златно Славејче“, ЏП и Стефонатор вечер на Школка во Градски парк

Вечерва на фестивалот „Самерленд“, кој секојдневно се одржува во Градски Парк, од 19 часот ќе настапат „Златно Славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор.

Во 21, во летното кино, посетителите ќе може да го погледнат македонскиот филм „Џган“.

Утре од 22 на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Дј Че. Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етно групата Љубојна.

Треба да знаете
Последни објави