Search

Златни медали за Мојсовка и Јованоска на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија”

На годинешниот трет по ред традиционален меѓународен турнир „Трофеј на Македонија”, македонските каратисти освоија две златни медали. Ангела Мојсовска беше најдобра во категоријата до 68 килограми, додека Пулексенија Јованоска победи во кати.

Од останатите македонски каратисти кои се натпреваруваа на турнирот, сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.)

Со бронза се закитија: Емил Павлов во -60 килограми, Јована Георгирва (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.) и Жарко Арсовски (+84кг.).

На турнирот учествуваа и каратисти од Турција, Албанија, Косово и Бугарија

Треба да знаете
Последни објави