Search

Златна топка – најлош пласман на Меси во последните 11 години

Лионел Меси заврши на петтото место според гласовите за годинашната Златна топка.

Ова е најлошиот пласман за капитенот на Барселона во изминативе 11 години кога е во прашање гласањето за најпрестижната индивидуална фудбалска награда на светот.

Меси на гласањето во 2007 година беше на трето место зад победникот Кака и Кристијано Роналдо, а оттогаш Аргентинецот и Португалецот по пет пати ја освоија Златната топка.

Меси не присуствуваше на вечерашното доделување на наградата на списание во Париз што годинава му припадна на хрватскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид Лука Модриќ.

Тој ја освои наградата со 753 поени, додека Роналдо беше втор со 478, Антоан Гризман трет со 414, Килијан Мбапе четврти со 347 поени и Меси петти со само 280 поени.

 

Треба да знаете
Последни објави