Search

„Златна топка“ и за најдобриот голман на светот

Магазинот „Франс фудбал” кој секоја година ја доделува „Златната топка” за најдобриот фудбалер на светот, реши да воведе нова награда која ќе се вика „Лав Јашин”.

Новата награда која го носи името на Русинот Лав Јашин, кој е единствениот голман кој успеал да ја понесе оваа престижна награда уште во далечната 1963. година.

На 21 октомври ќе се објават имињата на десетте кандидати за оваа награда, а во гласањето ќе учествуваат селекторите и капитените на репрезентациите од светот, исто како и за фудбалер на годината.

Церемонијата на доделување на „Лав Јашин” и „Златната топка” ќе биде на 2 декември во Париз. 

 

Треба да знаете
Последни објави