Search

Златна канта за Никола Калиниќ

Минатата година може да се каже дека беше година за заборав за хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ.

Минатото лето, Калиниќ го напушти Милан каде што пристигна во 2017-та година од Фиорентина како големо засилување. „Росоњерите“ за неговите услуги платија околу 22 милиони евра, но тој ги разочара сите во таборот на Милан со своите слаби настапи.

Сепак, можеби звучи неверојатно, но Милан успеа да го продаде Калиниќ за 18 милиони евра во Атлетико Мадрид, а иако не играше во вториот дел од 2018-та година, тој сеедно ја доби „наградата“ Златна канта – најлошо засилување.

Оваа награда традиционално се доделува во Италија каде што илјадници фанови го избираат најлошото засилување секоја сезона. Калиниќ заврши на првото место со речиси 50% од гласовите, а зад него останаа Патрик Шик од Рома и Андре Силва од Милан.

Треба да знаете
Последни објави