Search

Зимбаков: Премиерот потврди дека рудник во Струмичко нема да има

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека рудник во Струмичко нема да има, соопшти во објава на „Фејсбук“, градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков.

Тој во објавата цитира изјава на премиерот дека Владата во вторник ќе донесе формална одлука за рудникот во Иловица поради неисполнети правно-формални аспекти.

„Најнова вест за граѓаните на општините Босилово и Ново Село… ЦИТИРАМ: “Рудник во Струмичко нема да има – правно-формалните услови не се исполнети” – изјави премиерот Зоран Заев – формалална одлука на Влада ќе се донесе во вторник“, напиша Зимбаков во објавата на својот фејсбук-профил.

Случајот Иловица подолго време предизвикува незадоволство кај локалното население од струмичките села во близина на локацијата на неотворениот рудник.

Треба да знаете
Последни објави